Хајредини- Линеарно покачување на пензиите пред избори е класичен поткуп на оние со ниски пензии

Најавите на министерката за финансии дека во септември пензиите, според нејзино мислење треба да пораснат линеарно е политички маркетинг. Со оглед на тоа дека во октомври ќе имаме локални избори ова неможе да се сфати никако поинаку, освен како класичен поткуп на пензионерите со пониски пензии кои се најголеми поборници за линеарно зголемување на пензиите. Од друга страна, ваквиот начин, односно линеарното зголемување на пензиите е негирање на трудот на оние пензионери кои придонеле повеќе во Пензискиот фонд, односно кои плаќале поголеми придонеси, изјави за „Локално“, Џевдет Хајредини, економски аналитичар и поранешен министер за финансии.

Овој метод на линерално зголемување на пензиите за прв пат беше применет кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, односно кога министер за финансии беше Зоран Ставревски, а потоа истиот го примени и СДСМ кога виде дека има голем ефект врз гласачкото тело.

Повеќе Тука

Back to top button
Close