Хајрулахи старо нов шеф на скопското Вишо обвинителство

Советот за Јавни обвинители денеска едногласно го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Тој едногласно беше избран со осум гласа “за”, откако претходно во два наврати Советот не можеш да избере шеф.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека Хајрулахи е позитивно оценет со 24 поени.

Хајрулахи беше единствениот кандидат, бидејќи претходно од трката се повлекоа обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.

Back to top button
Close