Хајрулахи за државниот обвинител Коцевски: Нечовечки е да се жртвува сопствената ќерка

Суспендираниот прв човек на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, во Претрес со Ландов говореше и за пробивањето во јавност на Извештајот за ревизијата во Обвинителството, пред да биде официјално објавено. Тој на една телевизија и дал видео снимка како ќерката на државниот обвинител Љупчо Коцевско дава службени материјали на новинарката Мирослава Симоновска.

„Новинарите ги почитувам до небото и назад. Ако новинарката се чувствува непријатно, и се извинувам“, рече Хајрулахи.

Снимката ја добил од анонимен свиркач, кој му ја дал во ГТЦ. Вели дека не го познава.

„Не верував дека може да се случи републичкиот јавен обвинител ова да го направи. Нечовечки е што ја жртвувал сопствената ќерка”, посочи Хајрулахи.

Back to top button
Close