Хаг: Израелски министри прогласени за непожелни личности
Холандија прогласи двајца министри од израелската влада за персони нон грата. Тоа се израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, и министерот за финансии Безалел Смотрич, соопшти холандскиот министер за надворешни работи Каспар

Потоа Бен Гвир напиша на платформата X: „На место каде што тероризмот се толерира, а терористите се добредојдени, еврејски министер е непожелен. Терористите се слободни, Евреите се бојкотирани“.
Смотрич: „Европско лицемерие“
Смотрич го осуди „европското лицемерие“. Европските политичари паѓаат на лагите на радикалните исламисти, додека Евреите во Европа повеќе не се безбедни поради зајакнувањето на антисемитизмот, изјави ултрадесничарскиот израелски министер за финансии.
Смотрич и Бен Гвир, важни коалициски партнери на премиерот Бенјамин Нетанјаху, сакаат повторно да воспостават еврејски населби во Појасот Газа. Смотрич, самиот доселеник, во ноември изјави дека 2025 година ќе биде годината кога Израел ќе го оствари својот суверенитет над палестинската територија.
Холандија бара начини за доставување помош во Газа
Велдкамп дополнително објасни дека Холандија ги разгледува можностите за обезбедување помош на населението во Појасот Газа, по можност по копно, бидејќи испуштањето помош од воздух е „скапо и ризично“.
Холандија е, по Словенија, втората земја од ЕУ која ги прогласи Смотрич и Бен Гвир за непожелни лица. Надвор од ЕУ, Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд и Норвешка презедоа слични санкции.
Со оглед на катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа по повеќе од две и пол години војна, Израел е под зголемен меѓународен притисок. Минатата недела, 28 земји потпишаа апел до Израел за итно запирање на војната во Појасот Газа. Германија не беше меѓу потписниците. (dw)