Хакери го преземаа профилот на министерот Бујар Османи

Министерот го пријавил случајот и во Министерството за внатрешни работи, како и во компанијата Твитер и, како што, вели очекува брза реакција и враќање на профилот

Хакери денеска го нападнале и преземале официјалниот твитер-профил на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Веста, шефот на дипломатијата ја соопшти преку Фејсбук, потенцирајќи дека во моментов не може да го контролира профилот.

„Be известувам дека во моментов, мојот твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата“, вели Османи.

 

 

Тој го пријавил случајот и во Министерството за внатрешни работи, како и во компанијата Твитер и, како што, вели очекува брза реакција и враќање на профилот.

Од она што може да се види на социјалната мрежа, името на профилот на Османи во моментов е сменето во „Sheldon The Sniper“.

Back to top button
Close