Хакерски напад врз најголемата компанија за обработка на месо во светот: Создадениот хаос испрати илјадници вработени дома

Поради голем сајбер напад, нарушено производството во САД, Канада и Австралија, во рамки на најголемата компанија која се занимава со обработка на месо во светот, „ЈБС“.

Американскиот огранок на компанијата „ЈБС“ во рамки на своето соопштение посочи дека нападот бил извршен кон серверите на седиштата на компанијата во С. Америка и Австралија.

Како што посочија, нема конкретни информации за тоа дали клиентите, добавувачите или вработените биле загрозени, но информираа дека се работи на враќање во целосна функција на серверите.

Но, она што исто така беше објавено од страна на Австралиската радиодифузна мрежа, беше дека, месарите ќе мораат да се најдат под клуч одредено време.

Шефот пак, на австралискиот синдикат на вработените лица во месната индустрија, посочи дека преку илјадници е бројот на вработени кои во моментов поради расветлување на случајот, остануваат без своите работни места.

Back to top button
Close