Хакерски напади – недостапни сајтовите на украинската Влада и МНР

 

Неколку интернет страници на украински државни органи, вклучувајќи ги и страниците на владата и Министерството за надворешни работи, се недостапни, јавија попладнево британските медиуми.

Британските медиуми пренесоа дека украинските власти неделава веќе соопштија дека забележале онлајн предупредувања дека хакери подготвуваат напади од поголеми размери врз владините агенции, банки и одбранбениот сектор.

Во екот на кризата во и околу Украина, Киев ја обвинува Москва за кибер напади, додека Русија ги отфрла ваквите обвинувања.

Back to top button
Close