Хакими, се соочува со казна затвор до 15 години за силување

Обвинителството во францускиот град Нантер побара дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, да биде обвинет за силување, објави „Ле Паризиен“.

Во 2023 година, 24-годишна девојка изјавила дека дошла во домот на фудбалерот откако го запознала на социјалните мрежи. Според неа, Хакими таму извршил насилни дела против неа, и покрај нејзиното одбивање да има секс. Подоцна таа контактирала со полицијата.

Доколку Хакими биде прогласен за виновен, играчот се соочува со казна затвор до 15 години.

Дваесет и шестгодишниот Мароканец игра за ПСЖ од летото 2021 година. Минатата сезона одигра 55 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 гола и направи 16 асистенции.

Back to top button
Close