Хакиран телефонот на шефицата на кабинет на Белата куќа. Вајлс
Американските медиуми објавија дека бил хакиран телефонот на шефицата на кабинет на Белата куќа, Сузи Вајлс и го користеле нејзиниот именик да контактираат високи американски владини претставници и се претставувале како неа.
Некои од примателите препознале дека нешто не е во ред бидејќи повиците и пораките доаѓале од непознат број, а лицето кое се претставило како Вајлс побарало комуникацијата да продолжи на друга платформа – како што е Телеграм.
Вајлс на своите соработници им кажала дека и е хакиран телефонот.
– ФБИ исклучително сериозно ги сфаќа сите закани кон претседателот, неговиот персонал и кибербезбедноста; заштитата на сигурна комуникација на нашите функционери е клучна за исполнување на мисијата на претседателот, изјави директорот на американското Федерално истражно биро, Кеш Пател.