Хакирана е Фејсбук страницата на ОБСЕ во Македонија

Само дваесетина дена откако Македонија стана претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), македонската страница на оваа меѓународна организација на Фејсбук е преземена со хакерски напад.

Од ОБСЕ го потврдија случајот, поставувајќи објава во која ги предупредуваат корисниците на Фејсбук дека евентуалните пораки кои би пристигнале од неа, не се авторизирани од организацијата.

На страницата со близу 10.000 фанови се поставени нови фотографии и ново име, а таа сега е претворена во реклама за виетнамски хотлајн.

Back to top button
Close