Халеп го освои турнирот во Прага

Романката Симона Халеп е победничка на ВТА турнирот во чешката престолнина Прага.

Во решавачкиот натпревар одигран денес, првата носителка на турнирот и втор светски рекет, ја совлада Елисе Мертенс (23 на ВТА ранг листата) од Белгија со 2-0, по сетови 6:2 и 7:5.

Финалето траеше еден час и 35 минути.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 202.250 долари.

Back to top button
Close