Халеп се по влече од турнирот во Синсинати

Романската тенисерка Симона Халеп одлучи да го напушти турнирот во Синсинати поради мускулна повреда.

– За жал, деталните медицински прегледи утрово покажаа дека имам мала пукнатина во десниот адукторски мускул, така што би било премногу ризично да продолжам да играм. Ќе се одморам и ќе дадам сé од себе за да бидам подготвена за Грен слемот „УС Опен“ – соопшти Халеп преку социјалните мрежи.

Така, Американката Џесика Пегула се пласира во третото коло без борба.

Противник на Пегула во следната рунда ќе биде Каролина Плишкова од Чешка

Back to top button
Close