Халилур Рахман е новиот претседател на Генералното собрание на ОН, доаѓа на местото на Аналена Бербок

Министерот за надворешни работи на Бангладеш, Халилур Рахман, ветеран дипломат со речиси 50 години дипломатско искуство, е избран за нов претседател на Генералното собрание на Обединетите нации.
– Ќе бидам претседател на сите, претседател со полно работно време доколку бидам избран, рече Халилур пред гласањето, на кое доби 99 гласа, додека неговиот противник, амбасадорот на Кипар во ОН, Андреас С. Какурис, доби 91 глас, според веб-страницата на ОН.
Тој доаѓа на местото на Аналена Бербок, која е поранешна германска министерка за надворешни работи. Функцијата ќе ја преземе во септември, на 81. сесија на Генералното собрание на ОН.






