Хамас денеска го ослободи и третиот заложник кој му беше предаден на Црвениот крст во Газа
Американско-израелскиот заложник Кит Сигел денеска е предаден на Црвениот крст во Газа, соопшти израелската армија (ИДФ).
Претходно денеска, во согласност со договорот меѓу Израел и Хамас, беа ослободени двајца заложници.
Сигел (64) беше качен и мавташе кон толпата од импровизираната бина поставена во Појасот Газа, изгледајќи слабо и бледо, објави „Тајмс оф Израел“.
Според извештаите, тој одел без помош додека вооружени маскирани членови на Хамас биле поставени околу бината.
Предавањето помина без инциденти, за разлика од сцените при ослободувањето на другите заложници претходниот ден.
Откако ќе биде преземен од Црвениот крст, Сигел ќе биде пренесен до израелските сили во Појасот Газа, од каде ќе биде евакуиран.
Овој американско-израелски државјанин, беше киднапиран заедно со неговата сопруга Авива на 7 октомври 2023 година, за време на напад на Хамас врз кибуцот Кфар Аз. Авива беше ослободена за време на претходниот прекин на огнот во ноември 2023 година