Хамас го обвини Израел дека хуманитарната помош ја користи за „политичка уцена“

Палестинското исламистичко движење Хамас го обвини Израел дека ја користи хуманитарната помош како алатка за „политичка уцена“ и е одговорен за „влошување на хуманитарната катастрофа“ во Појасот Газа, јавија француските медиуми.

„Ја отфрламе употребата на хуманитарната помош како алатка за политичка уцена“, се наведува во соопштението на Хамас.

„Продолжува попречувањето на влезот на помошта, што започна на 2 март. Ова го прави Израел „целосно одговорен за влошување на хуманитарната катастрофа“ на палестинската територија, нагласи исламистичкото движење

Back to top button
Close