Хамас го осуди нападот на САД врз ирански нуклеарни постројки нарекувајќи го очигледен чин на агресија

Палестинското исламистичко движење Хамас во соопштение објавено изутринава го осуди нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки, нарекувајќи го очигледен чин на агресија.

Според Хамас, нападот претставува „опасна ескалација“ и го загрозува мирот и меѓународната безбедност, се наведува во соопштението.

САД слепо ја следат агендата на Израел. Сепак, нападот нема да ја скрши волјата на иранскиот народ, со кого изразуваме солидарност, соопшти палестинското исламистичко движење.

Хамас се смета за важен сојузник на Иран.

Back to top button
Close