Хамас го претстави својот предлог за мир: Ослободување на жени, деца и стари лица во замена за палестински затвореници

Палестинската милитантна група Хамас објави дека ја претставила својата „визија за мировен договор, кој се заснова на запирање на израелската агресија врз Палестинците во Појасот Газа“ пред посредниците во потенцијалниот договор со Израел.

Тоа вклучува во првата фаза ослободување на израелски жени, деца, постари и болни заложници во замена за ослободување на 700-1.000 палестински затвореници, според предлогот што го видел Ројтерс.

Предлогот предвидува ослободување на 100 палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна затвор во израелските затвори, во замена за ослободување на израелските „жени регрути“.

После тоа би бил одреден рок и датум за израелското повлекување од Газа, се наведува во предлогот.

Тие изјавија и дека бараат помош и враќање на раселените Палестинци во нивните домови.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека новиот предлог за примирје во Појасот Газа, кој претставниците на Хамас го претставија пред посредниците, „се уште се заснова на нереални барања

Back to top button
Close