Хамас објави видео од тројца израелски заложници кои молат да бидат ослободени

Хамас денеска објави кратко видео на кое се гледаат тројца постари израелски заложници заробени од исламистичката група на 7 октомври. Израел го осуди како „криминална, терористичка снимка“.

Тројцата мажи, идентификувани од Израел како 79-годишниот Хаим Пери, 80-годишниот Јорам Мецгер и 84-годишниот Амирам Купер, беа земени како заложници пред повеќе од 10 недели, со околу 240 други лица.

Тројца мажи, сите со бради, се гледаат како седат еден до друг на видеото објавено од Хамас на Телеграм. Седејќи на средина, Пери зборува пред камерата, велејќи дека тој и другите постари заложници кои имаат здравствени проблеми „многу страдаат во многу тешки услови“. Тој побара од Израел да обезбеди нивно безусловно ослободување.

Пери бил во својот дом во Кибуц Нир Оз за време на нападот на Хамас. Тој се обидел да се избори со напаѓачите додека ја криел сопругата зад софата, изјави подоцна неговиот син за Ројтерс. На крајот се предал за да ја спаси сопругата, која останала да се крие.

Воениот портпарол Даниел Хагари го нарече „криминално, терористичко видео“ кое ја покажува „суровоста на Хамас кон постарите цивили на кои им е потребна медицинска нега“.
„Хаим, Јорам и Амирам. Се надевам дека ќе ме слушнете вечерва“, рече Хагари на телевизискиот брифинг.

„Знајте го ова, правиме се, сè за да ве вратиме безбедно“ вели тој.

Израел и Хамас се согласија на еднонеделен прекин на огнот кон крајот на ноември, со посредство на Катар и Египет, кој вклучуваше ослободување на повеќе од 100 заложници во Газа во замена за 240 палестински жени и тинејџери од израелските затвори. Некои од заложниците кои останаа во Газа израелските власти во отсуство ги прогласија за мртви.

 

Back to top button
Close