Хамас: Планот за освојување на Газа го покажува израелското непочитување на напорите на медијаторите
Планот за освојување на градот Газа, за кој израелската влада вчера соопшти дека мобилизира 60.000 резервисти, го покажува очигледното непочитување на Израел кон напорите за медијација насочени кон прекин на огнот, се наведува во соопштението на Хамас објавено доцна синоќа.

„Соопштението на терористичката окупаторска армија за почетокот на операцијата против градот Газа и неговите речиси еден милион жители и раселени лица покажува јасно непочитување на напорите што ги вложија медијаторите за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа“, напиша палестинското исламистичко движење.
„Иако Хамас објави дека се согласува со најновиот предлог презентиран од медијаторите, Израел инсистира на продолжување на својата варварска војна, а со тоа што не одговара на овој предлог израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху покажува дека е вистинска пречка за каков било договор, дека не се грижи за животите на израелските заложници и дека нема сериозна намера да ги врати“, се додава во реакцијата на Хамас