Хамас: Сите болници на северот од Појасот Газа се надвор од функција

Министерството за здравство на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека сите болници на северот од палестинската енклава се надвор од функција.

„Израелската окупација ја засили опсадата“, се наведува во соопштението на министерството.

Нападите го спречуваат пристигнувањето на пациенти и медицински персонал, како  испораката на медицински материјали, поради што, како што се наведива, и индонезиската болница, главната медицинска установа на северот од територијата разурната од војната, мораше да се затвори.

Според новите податоци, од синоќа во израелските напади низ целиот Појас Газа убиени се најмалку 103 лица, соопштија болнички извори.

Back to top button
Close