Хамилтон по осми пат победник на „Хунгароринг“

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен заврши на второто место со 8.702 секунди заостанување, додека партнерот на Хамилтон во Мерцедес, Валтери Ботас, се најде на третото место кој имаше за 9.452 секунди побавно време од победникот.

Покрај 25 бода за победата, Хамилтон го освои и бодот за извозен најбрз круг (1.16.627 минута).

Од 4-10. место се пласираа: Строл, Албон, Фетел, Перез, Рикардо, Магнусен и Сајнц.

По денешната трка во Унгарија, трета оваа сезона во Формула 1, Хамилтон изби на првото место во генералниот поредок со бода 63, пред Ботас кој има 61.

Back to top button
Close