Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги демантираше изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети.
– Претседателот на САД гордо кажува дека ја бомбардирале и уништиле иранската нуклеарна индустрија. Многу добро, продолжете да сонувате!, објави Хамнеи на платформата Икс.
Во израелскиот напад врз Иран во јуни се придружија и САД, кои ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки Натанц, Фордоу и Исфахан.
Иранското Министерство за надворешни работи пред два дена соопшти дека Техеран повеќе не е ограничен за својата нуклеарна програма, бидејќи истече меѓународниот Сеопфатниот нуклеарен договор (ЈЦПОА). Иран во 2015 година склучи договор со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма, а за возврат да се намалат меѓународните санкции против Техеран. Но, во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат, Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од Договорот и повторно воведе санкции кон Иран. Како одговор, Техеран ги зголеми резервите на збогатен ураниум на 60 отсто.
Според податоците на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран е единствената држава без нуклеарно оружје, која збогатува ураниум до високо ниво од 60 отсто, што е блиски до потребните 90 проценти за производство на атомска бомба.