ВИДЕО: Хаос на турнирот во Синсинати, пожар избувна среде натпреварите: Тенисерите беа веднаш отстранети од теренот

На турнирот во Синсинати настана хаос кога еден од генераторите се запали и струјата снема. Тенисерите беа веднаш отстранети од теренот.

На турнирот во Синсинати настана целосен хаос. Во близина на комплексот имаше пожар, па тенисерите беа отстранети од теренот. Во еден момент, можеше да се види само црн чад како се издига, а не долго потоа, струјата во комплексот снема.

Организаторите веднаш ги отстранија сите учесници од теренот и ги прекинаа натпреварите додека не се реши ситуацијата. Се покажа дека еден од генераторите експлодирал и ситуацијата беше решена релативно брзо, по што натпреварите продолжија.

Интересно е и тоа што организаторите реновираа многу работи во претходната година. Имаа големи инвестиции, променија многу, но се чини дека не мислеле на сè. Како и да е, најважно е што немаше повреди и што сè заврши добро

Back to top button
Close