Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
-
Во Полска трет напад со нож во училиште
10.10.2026 16:28
„Родителите ги поминале сите процедури, обезбедиле наоди од МКФ комисии и ја доставиле потребната документација, но кога почна учебната година, добиле одговор: ‘Нема образовен асистент за вашето дете’.
Додека МОН, Општина Аеродром и ОУРЦ ‘Д-р Златан Сремец’ си ја префрлаат одговорноста за квотите, огласите и процедурите, децата се враќаат од училиште, а родителите се принудени да земаат неплатени денови, боледувања поради пропустот на институциите“, велат од Левица.
Од партијата бараат МОН, Општина Аеродром и ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ веднаш да обезбедат образовни асистенти за сите деца кои чекаат и да престанат со префрлање на одговорноста.
Левица ги повикува и родителите од Аеродром кои се соочуваат со истиот проблем да ги споделат своите искуства и додаваат дека партијата ќе продолжи да бара одговори и одговорност