Хаос во центарот на Белград, жандармеријата употреби повторно солзавец за да растера антивладини демонстранти
Српската жандармерија вечерва употреби втор ден по ред солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград.
Пиротехнички средства беа употребени од страна на поддржувачи на СНС и на демонстрантите по што реагираше жандармеријата. Дел од протестите во Белград се одржуваат на улицата пред ГШ и Владата на Србија. Бројни полициски сили спречија спојување на големи групи од Нов Белград и од центарот на српскиот главен град да се групираат во центарот на градот.
Низ местата каде се протестира во Белград се распоредени и оклопни возила на полицијата.
Во Нов Белград вои моменто е нешто помирно иако и таму се распоредени големи полициски сили кои ги раздвојуваат демонстрантите и симпатизери на владејачката СНС.
Во 20-на градови во државата вечерва има нативладини протести.