Хаос во општина Будва: Фрлен солзавец на седницата, приведени пет советници

Приватното обезбедување на Општинското собрание на Будва употреби хемиско средство за време на седницата.

Според Вијести, во собраниската сала за малку не дошло до физички контакт помеѓу советниците Крсто Раѓеновиќ (СНП) и Милија Секуловиќ (ДПС).

Членови на Демократскиот фронт и СНП влегле на седницата закажана од новото мнозинство во Општинското собрание на Будва по бројните препреки со приватното обезбедување на влезот од зградата.

Уапсени се пет советници – Крсто Раѓеновиќ (СНП), Јанко Димиќ, Дејан Божовиќ, Наташа Митровиќ и Ѓорѓе Вујовиќ од Демократскиот фронт (ДФ).

Јанко Димиќ претходно рече дека бил фрлен солзавец и дека советниците се избркани.

Членови на новото мнозинство во општина Будва претходно влегоа во зградата на Општинското собрание, а членовите на ДФ беа запрени на главниот влез од страна на приватното обезбедување.

Советниците на ДФ и СНП одбија да покажат легитимација на обезбедувањето од приватна агенција која исто така не сака да се идентификува.

Претставниците на медиумите повторно биле запрени на влезот во зградата.

 

Back to top button
Close