Харадинај за „замрзнатите“ односи со Рама и добрите односи со Мета, Бериша и Баша

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај во интервју за албанската Ора њуз телевизија, меѓу другото ги коментираше „замрзнатите“ односи со премиерот Еди Рама, но и односите со други клучни политички личности во Албанија.

Тој рече дека во односите со Рама секогаш имал праведни ставови во заштита на сенационалниот албански интерес и во одбрана на интересот на Косово.

– Не сум среќен што имаме толку лош однос меѓу нас, затоа што имам огромна почит кон сите мои албански сонародници каде и да се во светот. Ние навистина поминавме низ тешки ситуации со премиерот Рама и сè уште не успеавме да ја вратиме комуникацијата, јас бев принуден да заземам вистински став во одбрана на националниот интерес на сите Албанци, но и во одбрана на интересот на Косово, рече Харадинај.

Посочи дека сето тоа бидејќи „Косово е Албанија“.

– Моја желба не е да имам улога во внатрешните случувања во Албанија, бидејќи тоа не е моја работа, но вистината е дека со неговите ставови го втурна Косово во големи проблеми, додава Харадинај.

Кусо го коменираше и неговиот однос со главните политички фигури во Албанија, претседателот Илир Мета, поранешниот претседател и екс премиер,Сали Бериша.

– Претседателот Мета уште од времето кога беше премиер, но и за време на сите негови функции беше многу почитуван за сите нас во Косово, не само за ОВК, туку и за сите други структури. Ни посвети многу време, беше расположен да нè сослуша во секое време, што го направи многу близок до многумина од нас. Во исто време, јас редовно комуницирав со Бериша кога беше премиер, рече Харадинај.

Додаде дека континуирано во фазите што поминале одржувал внимателна комуникација со лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша

Back to top button
Close