Харгривс: Од Дортмунд блефираат за Санчо, тоа е во природата на предаторот

 Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Овен Харгривс, верува дека од Борусија (Дортмунд) блефираат и на крајот Џејден Санчо ќе заврши на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ требаше до вчера да го комплетираат трансферот на англиската млада ѕвезда, но двата клуба такаи не се договорија за цената на напаѓачот. Подоцна истиот ден, спортскиот директор на „жолто-црните“ Михаел Цорк призна дека одлуката на Санчо да остане на „Сигнал Идуна Парк“ е конечна и тој ќе игра во Германија следната сезона.

Сепак, Харгривс верува дека ќе се случи трансфер и 20-годишниот фудбалер ќе игра на „Олд Трафорд“ од другата кампања.

– Блеф. Мислам дека е блеф, мислам дека Санчо ќе биде играч на Манчестер Јунајтед наскоро. Тие само се обидуваат да земат повеќе пари од целата ситуација. Тоа е во природата на предаторот. Очигледно знаат дека се заинтересирани од Јунајтед. Мислам дека блефираат и знаат дека тој ќе замине по таа цена, изјави поранешниот играч на Јунајтед пред „БТ Спорт“.

Претходно денес „Скај Спортс“ објави дека сагата околу Санчо не е завршена и Јунајтед не се откажале од негово привлекување.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close