Харуки Мураками ќе објави нова книга по шест години пауза

Харуки Мураками ќе објави нов роман, негов прв по околу шест години, на 13 април, објави во средата неговиот издавач, без да го открие насловот или заплетот.

Романот на 74-годишниот јапонски автор, кој долго време се сметаше за кандидат за Нобеловата награда за литература, ќе чини 2.970 јени (22 долари) по примерок, соопшти издавачката куќа Шинчоша, додавајќи дека истата ќе биде објавена и верзија на е-книга.

Издавачката куќа не ни посочи кога ќе бидат објавени преводите на романот. Она што го навести издавачот е бројот на страници – ракописот е долг 1.200 страници.

Неговите дела, десетина романи, новели и есеи, се преведени на педесет јазици. Меѓу неговите најпознати романи се „The Wind-Up Bird Chronicle “ (1994), „Kafka On the Shore“ (2002) и „1Q84“ (2009).

Back to top button
Close