Хаусмајстор падна од скала во градинката „11 Октомври“ – Работел иако имал решение за инвалидитет

Утринава додека менувал сијалици во објект на градинката „11 Октомври“ во Бутел, хаусмајстор паднал од скала и итно бил пренесен на Ургентниот оддел во Клинички центар „Мајка Тереза“ со екипа на итната медицинска помош, тврдат за „Слободен печат“ вработени во градинката. Тие велат дека човекот бил повозрасен и воопшто не бил способен да ја изведува оваа работна задача и дури и имал решение за инвалидитет и дека требало да биде преместен на друго работно место. Решението од 2005 година наваму не му било спроведено.

Директорката на градинката Мими Зашовска за Слободен печат озјавила дека не можела да му го спроведе решението на работникот за распределба на друго работно место поради инвалидитет, поради тоа што тоа решение било од поранешна Југославија. Но, решението е од 2005 година, издадено во независна Македонија.

пoвеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close