Хегсет: Иранскиот врховен лидер е ранет и веројатно обезличен


Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет и веројатно обезличен, изјави на брифинг американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, доведувајќи ја во прашање способноста на новиот лидер да управува со Иран.

Од почетокот на офанзивата не се објавени снимки со Хамнеи. При првите напади беа убиени многубројни членови на семејството на новиот лидер, вклучувајќи ги неговиот татко и неговата сопруга. Неговата прва изјава беше објавена вчера, но прочитана од телевизиски водител. Во неа, Моџтаба Хамнеи ветува дека ќе го продолжи блокирањето на Ормускиот Теснец и ги повика соседните земји да ги затворат американските бази на својата територија, во спротивно ризикуваат Иран да нанесе удари врз нив.

– Врховниот лидер е ранет, веројатно обезличен. Вчера објави изјава. Всушност, прилично слаба изјава, но немаше ниту глас, ниту видео. Беше писмена изјава – изјави Хегсет на прес-конференција.

– Иран располага со многу камери и многу диктафони. Зошто писмена изјава? Мислам дека знаете зошто. Татко му е мртов. Тој е исплашен, ранет, бега и му недостасува легитимитет-додаде тој.

Ирански официјален претставник во средата соопшти дека новоименуваниот врховен лидер е лесно ранет, но продолжува да ги извршува своите должности, откако државната телевизија го опиша како ранет во војната.

На брифингот со Хегсет беше и генералот Дан Кејн, началник на Здружениот штаб на вооружените сили, при што ги истакнаа воените удари на САД за уништување на иранските капацитети за напади со ракети и дронови, како и на морнарицата на Техеран. За време на брифингот, Хегсет изјави дека САД нема да покажат милост во војната.

– Ќе продолжиме да притискаме, да притискаме, да напредуваме. Нема да има поштеда, нема да има милост за нашиот непријател – рече Хегсет.

Back to top button
Close