Хегсет: САД ќе си го вратат влијанието врз Панамскиот Канал

Соединетите Американски Држави ќе го вратат влијанието врз Панамскиот Канал од Кина, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет при денешната посета на Панама.

По разговорите со панамските власти, Хегсет вети продлабочување на соработката со земјата и истакна дека Вашингтон нема да дозволи Кина да го користи каналот како геополитичко оружје преку комерцијални компании што се занимаваат со шпионажа.

– Заедно ќе си го вратиме влијанието врз Панамскиот Канал од Кина, изјави Хегсет.

Тој додаде дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да дозволи Пекинг да ја загрози работата на каналот.

– Денес, Панамскиот канал се соочува со нови закани. САД нема да дозволат комунистичка Кина или која било друга земја да го загрозат неговото функционирање или интегритет, порача Хегсет.

Back to top button
Close