Хегсет: Вашингтон и Пекинг ќе воспостават директни канали за воена комуникација

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет синоќа изјави дека Вашингтон и Пекинг ќе воспостават директни канали за воена комуникација, додавајќи дека билатералните врски меѓу двете земји „никогаш не биле подобри“.

Хегсет рече дека разговарал со својот кинески колега, адмирал Донг Џун, доцна синоќа на маргините на регионалниот безбедносен состанок и дека се согласиле дека „мирот, стабилноста и добрите односи се најдобриот пат за две големи и силни земји“, објавија светските агенции.

Ова тој го објави на мрежата Икс неколку часа откако ги повика земјите од Југоисточна Азија да бидат цврсти и да ги зајакнат своите поморски сили за да се спротивстават на сè повеќе „дестабилизирачките“ акции на Кина во Јужното Кинеско Море.

„Се стремиме кон мир. Не бараме конфликт, но мора да се осигураме дека Кина не сака да доминира ниту над вас, ниту над кој било друг“, рече Хегсет.

Јужното Кинеско Море останува едно од најнестабилните жаришта во Азија, додека официјален Пекинг положува право на речиси целиот регион, а членките на АСЕАН, Филипините, Виетнам, Малезија и Брунеи, исто така, тврдат дека имаат крајбрежни области и објекти.

Back to top button
Close