Хегсет во посета на американската поморска база во заливот Гвантанамо, Куба

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска ја посети американската поморска база во заливот Гвантанамо, Куба.

Хегсет по пристигнувањето во Гвантанамо не даде изјава.

Посетата на Хегсет доаѓа помалку од две недели откако главниот американски командант за Јужна Америка, генерал Франсис Донован, ја посети поморската база во заливот Гвантанамо и разговараше со висок кубански генерал.

Претходно, во мај во посета на Хавана беше директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф.

Американскиот претседател Доналд Трамп често ги наведува политичките промени во Куба како една од целите на надворешната политика на неговиот втор мандат.

Back to top button
Close