Хеликоптер го гаси пожарот кај Дојран, а „ертрактор“ тој над фабриката „Самоков“ во Македонски Брод
Пожарот што три дена гори во атарот на општина Чучер Сандево од утрово е целосно изгаснат, иако се уште се гледа чадење на неколку места, но како што информира Ангелов, тие потекнуваат од трупци што догоруваат
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов од гаснењето на пожарот кај селото Николоч во Дојран / Фото: Притнскрин
„Нашиот фокус денеска ќе биде гаснењето на пожарот во околината на Дојран над селото Николич. Овде има една сосема мала брана што хелихоптерот ја користи за полнење на вода и така дејствува врз овој тежок пожар, што се наоѓа на исклучително стрмен предел. Затоа го користиме хеликоптерот кој со кратки налети од три до четири минути брзо и ефикасно делува врз пожарот, кој во моментов има еден активен крак“,вели Ангелов во видео-обраќањето до медиумите.
На терен се пожарникари од Гевгелија и Валандово, доброволното противпожарно друштво од Дојран, како и неколку екипи на „Национални шуми“.
Негова претпоставка е дека за неколку часа овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, па дури и изгаснат.
„Во текот на денот тука ќе останат екипи, што ќе се погрижат истиот повторно да не се разгори“,кажа тој.
За потежок пожар го оцени тој во Општина Македонски Брод, над фабриката „Самоков“, каде денеска ќе делува еден „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
И овој пожар, како што додаде, очекува да биде изгаснат во текот на денот.
Пожарот што три дена гори во атарот на општина Чучер Сандево од утрово е целосно изгаснат, иако се уште се гледа чадење на неколку места, но како што информира Ангелов, тие потекнуваат од трупци што догоруваат.