Хеликоптери се вклучија во потрагата по Данка Илиќ

Пред куќата на Илиќ која воедно е и местото каде таа е последен пат видена, моментално се наоѓаат три полициски патроли, како и два автомобила на припадниците на секоторот за вонредни ситуации, а српските медиуми пренесуваат дека се размислува да се пребарува и Борското езеро кое се наоѓа на седум километри од местото каде што се губи трагот на малата Данка. Српската полиција и денеска донела ашови, лопати и механизација и се упатила кон местото каде таа била видена з апоследен пат.

0

Полковникот во пензија, Славица Радовановиќ во изјава за емисијата „Нови дан“ рече дека како што поминуваат деновите, полицијата треба да излезе со информации за исчезнувањето на девојчето, бидејќи јавноста заслужува да знае одредени информации кои би ја смириле ситуацијата и со што би се покажало дека службите и министерството за внатрешни работи и понатаму работат најдобро што можат за пронаоѓање на девојчето.

 

„Јавноста посебно е вознемирена и потребно е да се информира за ваков тип на дело бидејќи тоа што најмногу вознемирува во јавноста е неизвесноста околу тоа дали овој случај е несреќен или пак постои веројатност да е кривично дело“,рече Радовановиќ.

Пред два дена во Бањско Поле пристигнале две специјализирани екипи за спасување до урнатини на Одделението за вонредни состојби при српското Министерство за внатрешни работи и од рано утринава почнале со пребарување на просторот околу куќата пред која исчезна двегодишното девојче Данка Илиќ.

Back to top button
Close