Хеликоптерот на МВР повлечен од гаснењето на пожарот во Визбегово поради ветрот и густиот чад

За гаснење на пожарот, покрај полицискиот хеликоптер, вклучен е и „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и повеќе возила на Бригатата за противпожарна заштита на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“

Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи што беше упатен да помага во гаснењето на пожарот кај Визбегово е повлечен во базата, информираат оттаму.

 

Причина за повлекувањето на хеликоптерот е засилениот ветер и густиот чад.

 

Пред да биде повлечен, хеликоптерот извршил неколку фрлања на вода.

 

 

 

За гаснење на пожарот, покрај полицискиот хеликоптер, вклучен е и „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и повеќе возила на Бригатата за противпожарна заштита на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“.

 

Пред да биде интервенирано од страна на ДЗС и МВР, локалното население со помош на камиони и багери го расчистуваа околниот отпад од старо железо и гуми кој сѐ уште не беше зафатен од пожарот, по што полицијата целосно го забрани пристапот до местото.

Пожарот беше пријавен во СВР Скопје утринава во 9:16 часот. Тој настана на отпад за старо железо.

Back to top button
Close