Хеликоптерот во кој беа Трамп и Меланија мораше итно да слета поради дефект

Хеликоптерот „Marine One“ на Доналд Трамп беше принуден да направи итно слетување во Велика Британија откако доживеа „хидрауличен дефект“ на крајот од неговата државна посета на Островот.
Претседателот и првата дама беа во хеликоптер на првата етапа од нивното враќање во САД синоќа кога пилотот мораше да направи итно слетување.
Белата куќа соопшти дека хеликоптерот слета на „локален аеродром“ како „мерка на претпазливост“ откако беше откриен „мал хидрауличен проблем“, пред претседателот и првата дама да се качат на придружниот хеликоптер за да го продолжат своето патување.
Тие патуваа од една од резиденциите на премиерот Стармер до аеродромот Станстед во Лондон, каде што Ер Форс Уан ги чекаше да се вратат во Соединетите Држави.
Прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави:
„Поради мал хидрауличен проблем, и како мерка на претпазливост, пилотите слетаа на локалниот аеродром пред да пристигнат на аеродромот Станстед. Претседателот и првата дама безбедно се префрлија во придружниот хеликоптер“.