Хелсиншкиот комитет на САД побара слобода за Пол Вилан
-Долгиот притвор и исчекување на судењето, затворениот за јавноста судски процес и сомнителните докази против Пол, укажуваат дека руските власти не се заинтересирани за провосудство. Тоа не е ништо друго туку политички мотивиран маневар за нанесување штета на државјанин на САД. Пол Вилан треба да биде ослободен, порача Хејстингс.
Вилан бил уапсен во Москва во декември 2018 година кога во руската престолнина пристигнал да присуствува на свадба. Агенти на Федералната служба за безбедност (ФСБ), наследничката на КГБ, упаднаа во неговата хотелска соба и нашле мемориско стикче.
Стикчето Вилан го добил од познаник во Русија и знаел дека содржи фотографии од неодамнешна посета на манастир во близина на Москва.
Според руските власти, стикчето соддржело доверливи информации. Вилан бил држен во затворот Лефтерово во Москва, при што му било оневозможено да контактира со роднините. Во меѓувреме тој сериозно заболел и му била извршена хируршка интервенција.