Хелсиншкиот комитет се става на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од правни совети и помош
Хелсиншкиот комитет се става на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од правни совети и помош
Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе во несреќата што се случи во Кочани.
Истовремено, информираме дека целосно се ставаме на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од добивање на правни совети и помош. За таа цел можат да ни се обратат на телефонскиот број +389 2 3119 073.
Во периодот што следува Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ја следи истрагата и постапувањето на надлежните институции. Од тие причини очекуваме транспарентност и информирање за преземените дејствија и утврдената фактичка состојба.
Очекуваме за утврдените незаконитости да следува соодветна одговорност за сторителите.
Апелираме политичките партии да се воздржат од меѓусебни обвинувања и да се стават во функција на јавниот интерес.
Сега е време да се покаже одговорност и солидарност