Хемикалија БПА пронајдена во цуцли за бебиња, некои серии се повлечени

Лабораториските испитувања на чешката организација на потрошувачи „dTest“ открија присуство на хемикалијата бисфенол А (БПА), поврзана со нарушување на половите хормони, дебелина и зголемен ризик од рак, во цуцлите за бебиња, произведени од трите големи европски брендови „Philips“, „Curaprox“ и „Sophie la Girafe“, како и „Foshan City Saidah“, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Иако сите цуцли се означени дека се „без БПА“, испитувањата покажале присуство на хемикалијата во четири производи, при што највисока концентрација е забележана во цуцлата на „Curaprox“ „Grow with love“, која според стандардите на ЕУ ја надминува дозволената граница.

„Philips“ и „Sophie la Girafe“ наведоа дека присуството на БПА во нивните производи не е значајно и дека спровеле дополнителни тестирања за да го потврдат тоа. „Curaprox“ ги повлече погодените серии од пазарот и понуди враќање на парите.

Прописите на ЕУ ја забрануваат БПА во шишенцата за бебиња, но ограничувањата за цуцлите остануваат помалку строги, што предизвикува загриженост кај експертите за безбедност.

Back to top button
Close