Хенкок: Да се истражи како се утврдува бројот на починати од Ковид-19

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок денеска побара  итно да се истражи методот за утврдување на бројот на починати како последица на Ковид-19.

Тој ја донесе таа одлука откако беше утврдено дека сегашниот метод што го користи британскиот здравствен систем подразбира дека лице кое се заразило со Ковид-19, а починало од други причини, се води како да починало од вирусот, пренесува Скај њуз.

Хенкок побара да се истражи методот, со оглед на тоа што во Велика Британија се регистрирани 45.111 смртни случаи од коронавирус, со цел решавање на проблемот и утврдување на влијанието на вирусот врз смртноста.

Back to top button
Close