“Херои мои, издржавте премногу темнина. Ќе ви ја вратиме насмевката” порача Мицкоски во новогодишната честитка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати јавна новогодишна честитка во која вели се надева оти во иднина секој ќе се чувствува подобро, притоа нарекувајќи ги граѓаните на земјата негови херои.

Во неговата честитка тврди дека никогаш не било полошо во државата.

„Издржавте многу, не само оваа година, 30тина години Вие со својата сила и умешност ги крепите и семејствата и државата. Вие сте силата на Македонија. Неспособноста на власта е поразителна, проблемите се големи, а моралот е погазен. Криминалот и корупцијата разјадуваат. Премногу е! Никогаш не било полошо. Вие мои сограѓани заслужувате подобро. Имајќи полна почит и доверба во Вас, јас Ве замолувам за доверба, за заедно да ги надминеме овие тешки времиња. Време е, светлината да ја победи темнината, да се вратат надежта, моралот и насмевките“,

 

вели Мицкоски во честитката.

Понатаму зборува за обнова, за повисок стандард и за правда.

 

„Верувам во вас. Природно е да имаме по некоја разлика, но сите имаме иста цел, и таа не обединува, а тоа е обновена Македонија. Имаме сила за големи успеси и квалитет во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро. Ќе има повисок стандард, ќе има ред и поредок, морал и правда, промоција на националните и државни интереси. Добрите дела, вербата во луѓето и во Бога, и стремежот за промени ни даваат мотив и сила. И знам дека ќе успееме! 2024 година ќе биде годината на промените“вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во новогодишното обраќање.

На граѓаните им посакува добро здравје и подобар живот, многу убави моменти, среќа, радост и насмевки

Back to top button
Close