Хезболах: Иран во наше име ќе побара повлекување на израелската армија од Либан

Хезболах доби уверување од својот сојузник Иран дека во следната фаза од преговорите со САД ќе бара повлекување на израелската армија од Либан, соопшти шиитската група.
– Повлекувањето би било резултат, а не услов за продолжување на преговорите помеѓу Техеран и Вашингтон по потпишувањето на меморандум за разбирање помеѓу двете земји в петок, истакна Хезболах.
Според групата „нема да има никаков нуклеарен договор помеѓу Иран и САД освен ако Израелците не се повлечат“ од Либан.
Во преговорите САД и Иран треба да решат низа прашања од Ормуска Теснина, иранската нуклеарна програма, како и прокси конфликтите помеѓу Иран и Израел на Блиски Исток.






