Хезболах се закани: Убиството на водачот Хамас во Либан нема да остане неказнето

Либанската милитантна група Хезболах денеска соопшти дека убиството на високи функционери на Хамас во Бејрут претставува „сериозен напад врз Либан“ и „опасен развој“ во војната со Израел.

-Ова злосторство нема да остане неодговорено и неказнето. Верни сме на нашите принципи и обврски кои самите си ги дадовме. Ова е ден што ќе го паметиме, објави Хезболах на Телеграм.

Тие додаваат дека убиството на Салех ал-Арури, еден од највисоките функционери на Хамас, и неговите колеги „во срцето на предградијата на Бејрут е сериозен напад врз Либан, неговиот народ и суверенитет“.

Палестинската милитантна група Хамас претходно денеска потврди дека во, како што рече, израелски напад врз предградијата на Бејрут, загинале Ел Арури и двајца водачи на нејзината елитна бригада Ал Касам.

Во нападот што ги погоди просториите на Хамас загинаа вкупно шест лица.

Израелската армија се уште не го коментираше инцидентот.

Ел Аури беше заменик лидер на Хамас во странство и де факто лидер на военото крило на Хамас на Западниот Брег, јавуваат израелските медиуми.

Back to top button
Close