Хидроцентралата Врбен со полн капацитет

Лизгањето на земјиштето од обилните врнежи на 27 септември предизвика попуштање на стариот бетонскиот канал, изграден уште во 1950-те години на минатиот век.

Воспоставен е протокот на водите низ новиот бетонскиот канал кон хидроелектраната Врбен, изграден по уривањето на стариот, предизвикано од лизгање земјиштето на тешко достапен терен кон крајот на септември.

Како што соопшти ЕСМ, низ каналот веќе се пуштаат водите од трите најголеми зафати од доводот Горна Радика.

Завршени се и земјените работи околу поставување на цевките за пропусти од пристапните патишта до каналот, така што санацијата на хаваријата на доводот Горна Радика е успешна и истата е завршена пред планираниот рок од 30 дена, стои во соопштението.

Back to top button
Close