Хил: Ситуацијата во Косово е многу опасна

Американскиот амбасадор Кристофер Хил изјави дека активистите на Квинтата сметаат дека ситуацијата на северот на Косово е многу опасна и дека ќе бидат потребни дополнителни напори за да се најде причината за целата ситуација.

„Тоа е трагичен настан и сите ние треба да го осудиме убиството на припадникот на косовската полиција. Секако дека секогаш жалиме за загубата на животи, но важно е да се има предвид дека мора да продолжиме со политичкиот процес. Мислам дека се одвиваат процеси за натамошно поттикнување на дијалогот“, изјави Хил на новинарите на јавната дебата „Промената на геополитичка средина и предизвиците на меѓународниот правен поредок“, што ја организираше Советот за стратешки политики во соработка со Амбасадата на Бугарија.

Хил ова го изјави на новинарско прашање да ја коментира ситуацијата на Косово.

Back to top button
Close