Хилари Клинтон би можела да биде амбасадор на САД во ОН
Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден размислува во својата администрација да ја вклучи и поранешната кандидатка за претседател и државна секретарка Хилари Клинтон, која би можела да биде амбасадор на САД во ОН.
Хилари Клинтон моментно е главен кандидат на Бајден за амбасадорска функција, пишува „Индипендент“.
Бајден веќе почна да составува тим за борба против коронавирусот, а наскоро ќе мора да избере и членови на администрацијата.
Разговорите за формирање администрација се во тек, без разлика дали Трамп ќе одбие да го признае поразот на изборите, додава весникот.