Хирург од Битола неправосилно осуден: Шест литри жолчка истекле во стомакот на пациентка

Хирург од Клиничката болница Битола е осуден за тешки дела против здравјето на луѓето за лекувањето на двајца одделни пациенти – една жена која преживеала и еден маж кој починал. Пресудата е неправосилна и донесена на почетокот на мај од страна на Основниот суд Битола од судијката Цветанка Никодиноска. Докторот има право на жалба во рок од 8 дена, пишува Слободен печат.

Основниот суд Битола го осуди хирургот условно доколку три години не стори кривично дело, затоа што во 2018 и 2019 година на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница Битола, работејќи како специјалист по хирургија, несовесно постапил при укажувањето на лекарска помош на пациентка и на сега починат втор пациент и на тој начин предизвикал влошување на нивната здравствена состојба.

 

Ја пуштил дома, а таа била на раб да умре

Во случајот со пациентката, таа кај него направила лапароскопска операција за отстранување на жолчката во која имало камења и била воспалена. По вадењето на жолчката, жената не се чувствувала добро па била вторпат оперирана од истиот хирург, овојпат со сечење на стомакот.

 

Според пресудата, грешките на хирургот во првата операција за вадењето на жолчката, се состоеле во оштетување на повеќе канали од кои жолчката почнала да се излива во стомакот а пациентката се нашла на работ на смртта.

Хирургот не го видел тоа ни првиот пат ни вториот пат кога ја оперирал. По вадењето на жолчката жената не можела да се движи ниту да станува. После втората операција се чувствувала полошо, урината ѝ била зелена, а стомакот надуен на местото каде бил поставен дренот.

Повеќе

Back to top button
Close