Хоџа му одговори на Ахмети: Полека спремај се за опозиција

„Мојот став е јасен и чист, и да одлучи партијата дека треба да се продолжи со ова владејачко мнозинство, јас како министер нема да бидам дел од тоа владејачко мнозинство. Колку и да велат дека ова е емотивна реакција, човек живее за принципи и не можам да се гледам со тие луѓе на маса кога се подготвени нож во грб да му забодат на коалициски партнер кој цела година буквално со сите неправилности стоел само заради големата слика.

Очигледно, ДУИ не ја интересира големата слика туку повеќе другите работи, како што е ова со Желино, да направи кризи и слично. Мислам дека е време пополека и тие да се подготват да менуваат“, рече Хоџа. На изјавата од лидерот на ДУИ, дека Беса на ваков начин прави притисок врз институциите, Хоџа возврати дека Ахмети треба да се подготви за опозиција. „Тоа ќе го видиме, можеби Ахмети не се научил досега бидејќи имал други политичари што ги нашол во Владата за да може да раздвојува политички партии и слично. Еве, ќе видиме дали е тоа така или не, ама мислам дека Ахмети треба пополека да се подготвува за опозиција“, рече генералниот секретар на Беса.

Back to top button
Close